Прифатено барањето на превозниците: Се зголемува капацитетот на патници во автобусите од 50 на 75 проценти

ИЗВОРСкопје24
|

На денешната редовна 47. седница на Владата прифатена е согласноста на Комисијата за заразни болести по барање на група општински и меѓуопштински превозници.

Барањето се однесува на зголемување на дозволениот број патници од 50 на 75 % од вкупниот капацитет во превозните средства утврдени со закон за оваа намена.

Ограничувањето на бројот на патници е воведено поради здравствената криза како дел од мерките за заштита на граѓаните.