Пријавете се: На 31 март истекува рокот за парична помош за новороденчиња

ИЗВОРСкопје24
|

Општина Аеродром ги потсетува семејствата што добиле принова минатата година дека рокот за доделување еднократна парична помош за новороденчето истекува на 31 март 2021 година. Oд оваа година општината исплаќа по 8.000 денари за секое новороденче.

Потребни документи за аплицирање: 1. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето); 2. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром;

3. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа; 4. Фотокопија од Решение за посвојување/адаптација (за семејства што посвоиле дете). 5. Барање за доделување еднократна парична помош што може да се добие во Архивата на Општината.

– Со помошта од 8.000 денари за секое новороденче Општина Аеродром има цел да им ги олесни тошоците на родителите, а грижата за најмладите останува наш врвен приоритет – велат од локалната самоуправа.