Приказна за двата волци: Се чита за 10 секунди а поуката останува вечно

ИЗВОРСкопје24
|

Добро размислете за овие зборови! Може да ви го променат животот!

Разговарале еден стар Индијанец и неговиот млад внук. Дедото се трудел што повеќе знаење и мудрост да му пренесе на внукот и да го подготви за животот кој е пред него. Затоа, му ја раскажал оваа приказна.

– Во секој човек се одвива непрекината битка. Тоа е затоа што во нас живеат два волци – започнал мудриот Индијанец.

– Како два волци? – го запрашал внукот.

– Едниот е ЛОШ! Тоа се стравот, бесот, зависта, огорченоста, лажната гордост, алчноста, егото, но и жалењето, надменоста, самосожалувањето и вината.

Но, постои и ДОБАР ВОЛК! Тоа се радоста, спокојот, љубовта, надежта, ведрината, добрината, сочувството, великодушноста, вистината и вербата – го подучувал Индијанецот.

-И… кој волк победува? – го запрашал внукот љубопитно.

– Оној кого повеќе го храниш – кратко одговорил мудриот дедо.