Принцот на севдахот – Божо Вреќо доаѓа со концерт во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

„Принцот на севдахот“ или како што престижниот „Њујорк Тајмс“ го нарекува, „човекот со ангелски глас“, Божо Вреќо, за прв пат ќе има концерт во Скопје во Македонската опера и балет на 23-ти февруари, со почеток во 19:30 часот.

Божо Вреќо е навистина последниот голем музички феномен изнедрен од плодната балканска почва и е еден од најинтересните и најпознати изведувачи во доменот на севдахот во моментов.

Се смета за клучен дел од новата генерација на автори кои ја не само што ја оживуваат традицијата на севдалинките, туку и успеаја да ја однесат дури и во правецот на андерграунд, што беше незамисливо досега.

Вреќо е лирски тенор кој предизвикува бројна публика и затоа настапува на концерти низ Европа и светот кои се секогаш однапред распродадени.

Неговата акапела интерпретација на севдалинките е секогаш спектакуларна.

Има навистина ангелски глас, а во Скопје во февруари ќе пее песни од неговите четири албуми.

Влезниците за концертот на Божо Вреќо во Скопје ќе бидат пуштени во продажба во среда (27-ми ноември) во 09 часот наутро по цена од 1500 денари, а достапни за купување ќе бидат во Avalon Music & Ticket Store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на www.avalon.mk.