Припадниците на овие три хороскопски знаци обично носат титула „вечен ерген“

ИЗВОРСкопје24
|

Припадниците на овие три хороскопски знаци обично носат титула „вечен ерген“. Бракот не е нешто кон коешто се стремат и тие не може да замислат да го поминат животот со само една личност.

Близнаци

Мажите родени во знакот на Близнаци брзо им здосадува сѐ, па истото важи и за врските.

Тие се желни за авантура и откривање нови работи, тешко им е да се замислат во врска со една жена до крајот на животот, а само партнерот кој интелектуално ги стимулира може да ги смири. Интелигенцијата е најатрактивната особина за нив.

Стрелец

Стрелците се слободни луѓе кои сакаат да прават што сакаат и бракот како заедница во која компромисот е важен, не е за нив. Мажите во овој знак претпочитаат пријателство и слободна љубов. Семејниот живот не се наоѓа на нивната листа приоритети.

Тие сакаат да ги опсипуваат своите избраници со подароци, нежност и емоции, но бракот како следен чекор што се зема здраво за готово во врската не е за нив, пишува Index.hr.

Водолија

Мажите родени во овој знак ја сакаат својата слобода и независност. Љубовта и физичките врски се важни за Водолиите, но желбата за неограничен живот ги спречува да достигнат длабока инт*мност во љубовните врски.

Мажот во Водолија е шармантен и ги обожува припадничките на понежниот пол, така што обично има многу врски во животот, но најчесто ниту една од нив не ја крунисува со брак.