Приведен 42-годишник кој пукал со пиштол на коледе, други двајца насилници тепале скопјанец со пиштол

|

Полициски службеници вчера во 07.50 часот го лишиле од слобода Г.Д.(42) од Прилеп.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм.

– По преземени мерки и активности било утврдено дека тој за време на празникот Коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот, информира МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против С.Ч.(42) и Р.Г.(40), двајцата од Скопје.

Имено, на 12.03.2023, по претходен телефонски разговор, на подрачјето на Гази Баба, С.Ч. се сретнал со М.С.(46) од Скопје, по што физички го нападнал и со закана со пиштол го принудил да влезат во неговото возило, по што отишле во продажен објект на подрачје на Гази Баба, каде што бил Р.Г. и уште две женски лица.

Тие одреден период го држеле во објектот, при што С.Ч. го удрил М.С. со пиштолот. Пријавените истиот ден биле приведени во полициска станица, а од С.Ч. бил одземен пиштолот.