Пробиени се матурските тестови по англиски јазик.
Во група на Вибер 7000 матуранти ги разменуваат одговорите и заеднички го решаваат тестот.
Инаку денеска матурантите го полагаат вториот екстерен испит. Тој е изборен и тие можеа да се определат за еден од седум понудени предмети.
Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик – 29, Германски јазик – 122, Руски јазик – 17, Естетика – 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.
За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок годинава беа пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.