УХМР:Продолжува периодот на стабилно и особено топло време

ИЗВОРСкопје24
|

Времето денес (01.08 2021 год.): Сончево и особено топло со мала локална облачност во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 43 степени. УВ=9
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и особено топло со мала локална облачност и со слаб до умерен западен ветер.
T= 42 °C, P= 979 hPa, U= 18 %, V= 4 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Од утре не очекува сончево и особено топло. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. УВ=9

ТОПОЛ БРАН: Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени. Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.