Продолжува теренската им*низација, еве на кои населени места ќе се продолжи утре

ИЗВОРСкопје24
|

Со цел што е можно повеќе граѓани да ја добијат потребната заштита, Министерството за здравство секојдневно излегува со информации за тоа каде се одвива теренската им*низација наредниот ден.

Медицинскиот тим без разлика на климатските услови секојдневно е на терен и се обидува да дојде до што е можно повеќе граѓани, а еве каде ќе бидат достапни во четврток 22.07.2021, односно теренската им*низација утре, ќе се одвива во следните населени места:

Тетово – Селце, Вејце, Лавце; Гостивар – Дебреше, Врањовце; Ресен – Горнa Бела Црква, Долна Бела Црква, Сопотско, Козјак, Евла, Горно Дупени, Болно; Штип – Калаузлија, Јунузлија, Парналија, Кучица; Свети Николе – Малино, Преод; Струга – Корошишта; Ростуше – Требиште, Велебрдо; Струмица – Муртино, Габрово; Неготино – Бесвица, Барово; Пробиштип – Плешенци; Кочани – Тркање; Кичево – Г.Строгомиште, Д. Строгомиште; Битола – Добромири, Д.Агларци, Г.Агларци, Делбеговци,Дедебалци, Путурус, Црничани, Добрушево, Алинци, Мусинци, Мојно, Ношпал; Охрид – Рамне, Велестово, Рача, Шипокно, Коњско, Елшани, Лагадин; Македонски брод – Лаг, Калуѓерец, Могилец; Велес – Виничани, Ногаевци, Водоврати, Кочилари; Скопје – Драчево, Батинци и Берово – Ратево