Пролет, ведрина, јасност: Што симболизира името Весна?

ИЗВОРСкопје24
|

Весна e женско име со словенско потекло. Симболиката која се крие зад ова име: пролет.

Бидејќи не постои светител со ова име, како именден може да се прославува празникот којшто се поврзува со пролетта, односно на Цветници.

Весна била старословенска божица на младоста и пролетта, која имала власт над сончевата топлина и обновувањето на природата. Зборот „Весна“ на руски јазик значи пролет и младост.

Како ја доживувале Весна Словените? Како исклучително убава, мошне нежна, насмеана млада девојка со цветни венчиња кои ѝ ја краселе косата и во бел фустан. Етимологијата на името на божицата Весна е во тесна поврзаност со староиндискиот збор „вас“ што значи да се биде „јасен, светол, светлост“.

Кога луѓето ќе го слушнат името Весна потсвесно ги асоцира на ведра, насмеана девојка, но и со доза на сериозност. Таа е одговорна и смела и секогаш го крева гласот против неправдата.

Означете ја вашата бунтовна Весна во коментар.