ПРОМЕНИ НА ЉУБОВЕН ПЛАН: Есента ќе биде поволна за овие хороскопски знаци

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку на оваа листа го видите својот хороскопски знак, радувајте се, затоа што оваа есен ќе ве очекува голема љубов.

Бик

Во текот на септември и октомври, среќата ќе игра клучна улога во вашиот љубовен живот. Луѓето кои ќе ги сретнувате ќе ја подигнуваат вашата самодоверба и морал. Затоа ова е прекрасно време за да видите колку широко можете да го отворите своето срце. Во првата половина на октомври можеби ќе запознаете таинствена Шкорпија, а на крајот на годината харизматичен Јарец.

Рак

Интуицијата ќе ви биде од голема корист во полето на љубовта, па ќе создадете односи кои позитивно ќе влијаат на вас. Ова не е време за изразување вознемиреност. Бидете јасни во врска со вашите потреби и ќе видите кој ќе биде во состојба да ги исполни. Во октомври, можно е некој Бик или Јарец да им се додворува на женските припаднички на овој знак.

Стрелец

Искуствата кои ќе ги доживеете оваа есен ќе ве подготват за големи промени на љубовно поле. Обрнете внимание на сите работи кои ве прават несигурни, параноични и нестабилни, како и на оние кои ви носат спротивни, позитивни работи. Кога ќе ја доживеете оваа јаснотија, ќе знаете во кој правец треба да се движите кога е во прашање љубовта. Обидете се до крајот на годината подобро да запознаете личност поради која ќе посакате да направите пресврт во љубовниот живот.

Водолија

Можеби чувствувате дека не сте расположени за флертување… и тоа е во ред. Искуството од последните неколку години ве научило да ги почитувате своите потреби и желби. Но, исто така ве научило да ги контролирате само оние работи кои можете да ги контролирате и да не се грижите за останатото. На службен пат можеби ќе запознаете некој Овен или Близнаци.