Протече фотографија од венчавка: Емина Јаховиќ и турскиот милионер се најдоа пред матичар (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Емина Јаховиќ откако се разведе од нејзиниот сопруг Мустафа Сандал заплива во нова љубовна врска односно со турскиот милионер Садетин Саран.

Иако во медиумите често се шпекулираше дека раскинале, па дека се заедно, парот не обрнуваше многу внимание на написите.

Овојпат, Емина и нејзиниот партнер се најдоа пред матичар, а тоа изненади многумина.

Иако некои можеби помислија дека станува збор за нивната свадба, сепак не е така.

Тие беа кумови на еден пар од Турција, а биле расположени и насмеани. Во еден момент имало и огномет од кој пејачката се уплашила.

Дали Емина и Садетин можеби наскоро ќе се одлучат да запливаат во брачните води и тие да стават потпис, останува да видиме.

Инаку, пејачката неодамна се исели од домот каде што живееше со својот поранешен сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал и синовите Јаман и Јавуз!

Иако таа се разведе од пејачот пред две години, таа до скоро живееше во куќата која тој и ја остави за децата да не ја менуваат средината.

Емина сега живее со своите деца во нов дом во соседството, така што момчињата честопати можат да го видат нивниот татко и да бидат поблизу до него.

Дека Емина квалитетно се потрошила за да го уреди својот нов дом, покажуваат и фотографиите што ги сподели на својата страница на Инстаграм.

На прв поглед јасно е дека во целиот дом преовладува луксуз и гламур, нежни бои и модерен мебел во арт-деко стил.

Така префинетиот ентериер, пејачката не можеше да прошти да не го покаже и да им се пофали на своите следбеници како изгледа нејзиното ново љубовно гнездо со турскиот милијардер Садетин Саран.