Протест пред Влада – организаторите на настани побараа да добијат грантови

ИЗВОРТелма
|

Големите концертни сали и помалите клубови ги заменија со улиците. Организаторите на настани со звучниците и дел од опремата, пред зградата на Владата се прогласија за најпогодени среде кризата и побараа итно да добијат грантови. Велат дека не ни очекуваат наскоро да се вратат на својата работа со оглед на целата состојба поради ситуацијата па им останува само да затропаат на портите на надлежните и да побараат помош.

НИЕ БАРАМЕ ГРАНТОВИ. УШТЕ ВО ЈАНУАРИ ДОСТАВИВМЕ ДО ВЛАДАТА КОНКРЕТНИ ИЗДРЖАНИ ПРЕДЛОЗИ КАКО ТОА ДА СЕ СПРОВЕДЕ. ТОА НЕ ГО ИЗМИСЛИВМЕ НИЕ, ТОА ВЛАДАТА ГО НАПРАВИ КОН НОЌНИТЕ КЛУБОВИ, КОН ИГРОТЕКИТЕ, КОН ТРАНСПОРТЕРИТЕ. ВИДОВМЕ ДЕКА ТАКОВ ЕДЕН СИСТЕМ ФУНКЦИОНИРА И СЕ РАЗБИРА ГО ПОБАРАВМЕ И ЗА НАС. ВО СУШТИНА, НАЈМНОГУ ЌЕ БИДЕМЕ СРЕЌНИ АКО НЕКОЈ НИ КАЖЕ ДЕКА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ЌЕ ПРОРАБОТИМЕ. ТОГАШ НИТУ ЌЕ БАРАМЕ ПОМОШ, НИТУ НИШТО, ИЗЈАВИ МАЈА БАБИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ИВЕНТ ИНДУСТРИЈА ИВАП.

Според информациите со коишто располагаат од Асоцијацијата, ниту една фирма од овој сектор не затворила во изминатиот период, а запрашани како опстојуваат кога немаат работа, велат „се снаоѓаме“. Телма побара одговор од Владата дали барањата за грантови од страна на организаторите на настани ќе бидат прифатени, но одговор сè уште нема.

Петар Догов