Проверен трик после кој куќата веќе никогаш нема да мириса на пржена риба

|

Рибата е многу корисна за организмот, но или ја обожавате или не можете да го поднесете нејзиниот мирис, па не сакате ниту да ја пробате. Секако дека и оние кои ја обожаваат не сакаат мирисот при нејзиното пржење да остане во домот, па често ја приготвуваат надвор, но кога дома подготвувате риба, мирисите се шират низ куќата и се „лепат“ за мебелот и завесите.

Сепак, не очајувајте за да се ослободите од ваквиот мирис, постои супер трик кој проверено успева.

Во маслото, во кое ја пржите рибата, ставете неколку чепкалки за заби и мирисот ќе биде помалку интензивен. Скоро и нема да се чувствува. Ако пржите повеќе риби, чепкалките повремено мора да ги менувате.

Иако звучи бизарно и неверојатно, обидете се и ќе се уверите дека овој трик навистина успева, а ако и вие имате некаков трик споделете го со нас.

Дали некогаш ви се случило да јадете риба и да ви се заглави коска во грлото. Тоа често знае да се случи, затоа внимавајте кога ја јадете. Коската некогаш не се забележув, бидејќи е навистина ситна.

Доколку до тоа дојде, секако посетете лекар, немојте да си играте со тоа.

Ова се некои од методите кои ќе ви помогнат доколку не можете веднаш да отидете на лекар:

Кашлајте – кашлањето е интинктивна реакција која може да ви помогне. Кашлањето може да помогне и коската да се исфрли на наједноставен начин.,

Маслиново масло – лажица маслиново масло може да ви помогне, секако, ако сте проголтале мала коска.

Банана – ставете малку банана во уста додека устата не стане влажна, а потоа проглтајте.

Побарајте медицинска помош – иако ова ви се чини неважно, би требало да побарате медицинска помош, бидејќи на тој начин успешно ќе ја отстраните коската од грлото.