Прсти ќе излижете: Подгответе Арапски лепињи од кои целиот дом ќе замириса прекрасно

ИЗВОРСкопје24
|

Вкусни и ароматични арапски лепињи, внатре се меки, а однадвор крцкави. За нивна подготовка ви се потребни: 10 г квасец, 1/2 лажица шеќер, 80 мл топла вода, 100 мл јогурт, 1 лажичка сол, 1 лажица масло, 250 г брашно и путер за премачкување.

Подготовка: Растворете го квасецот во млаката вода. Измешајте го брашното, а потоа извадете 2 лажици настрана. Додадете шеќер, сол, вода, јогурт и на крај растопениот квасец кон брашното.

Измешајте со рака или со миксер со додатоците за тесто. Кога убаво ќе ги измешате состојките, смесата ќе биде леплива и ретка, тогаш додадете го останатите 2 лажици брашно постепено и замесете убаво меко и мазно тесто. Оформете топка, премачкајте со масло и покријте го со најлон фолија да отстои 1 час на топло место.

Потоа, на набрашнета површина префрлете го тестото, посипете брашно и малку издолжете го тестото. Поделете го на 4 дела кои ќе ги оформите во топки.

Оставете ги покриени 20тина минути. Потоа со дланките или со сукало, раширете го секое топче во големина на кора колку тавчето во кое ќе печете.

Оставете уште 10тина минути да одморат и потоа во загреано тавче печете ги едно по едно.

Оставајте да се печат на една страна околу 1 минута па потоа превртете. Кога убаво ќе се испечат од двете страни, извадете ги и премачкајте со путер.

Вкусни се и така да ги јадете без ништо или како прилог на главно јадење.

Извор: Моирецепти.мк