Прсти да излижеш: Во иднина шпагетите ќе ги подготвувате само на овој начин

|

Не ви е потребно месо за да подготвите божествена паста со богат вкус, а едно овошје може да биде ситницата која прави огромна разлика.

Лимонот не е резервиран само за слатките работи и десертите, туку тој има место и во сите видови рецепти, а покрај тоа што може да го јадете со риба, задолжително треба да пробате тестенини со лимон.

Тој ќе даде интензивен и многу интересен вкус, а доколку се помеша со лук и вистинска комбинација на зачини ќе добиете јадење на кое секогаш ќе му се враќате.

Состојки: едно пакетче шпагети; 5 чешниња лук; 300 милилитри павлака за готвење; 4 лажици изрендана кора од лимон; 40 милилитри сок од лимон; 70 грама рендан пармезан; 3 лажици маслиново масло; сол, бибер, магдонос и оригано по вкус.

Подготовка: Ставете еден литар вода во тенџерето и оставете да проврие, па додадете шпагети и сол. Варете 10 минути, па процедете, но оставете најмалку 150 милилитри во теџерето.

Во подлабока тава ставете маслиново масло, па во него пропржете го исечканиот лук. Потоа ставете ја павлаката за готвење, кората од лимон и зачините и оставете сето тоа да врие на средна температура околу 5 минути или пак додека не почне да се згуснува.

Потоа додадете ги шпагетите и остатокот од водата, мешајте неколку минути без прекин. Тргнете го садот од огнот, додадете пармезан и лимонов сок, па сè добро измешајте. Послужете и наздравје!