Повторно на малите екрани – ова е првата фотографија од Џони Деп во улогата на францускиот крал Луј XV

ИЗВОРСкопје24
|

По бурниот период кој Деп го доживеа поради поранешната сопруга, конечно ќе се врати на малите екрани, во улога на францускиот крал Луј XV.

Француската продукциска куќа „Why Not Productions“ ја објави првата тизер слика на Џони Деп во улогата на кралот Луј XV во историската љубовна приказна на францускиот режисер Мајвен. Ова е прва улога на Деп во игран филм во последните три години, по судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Снимањето започна на 26-ти јули и ќе трае 11 недели, со локации меѓу кои и Версај, како и уште еден замок во парискиот регион, пишува „Deadline“.