Прва на светот Kia направи паметен менувач

ИЗВОРрпм.мк
|

Автомобилската групација Hyundai-Kia неодамна објави како прва на светот има развиено паметен менувач (ICT Connected Shift System), кој автоматски ја менува брзината во зависност од информациите кои доаѓаат до системот, и веруваат дека истиот може да го искористат уште во следните модели.

Додека кај сегашните автоматски менувачи (пр. Smart Drive Mode, кој се наоѓа во понудата на Kia) изборот зависи од самиот возад, овој менувач ја менуува брзината во зависност од условите на патот.

Паметниот менувач користи интелегентен софтвер, кој ќе собира и ќе ги обработува информации во реално време кои се добиваат преку: 3D навигација со прецизна карта, радари за мерење на брзината и радарски темпомат. 3D навигација содржи информации како надморска висина, стмнини, закривеност и други елементи како моненталната состојба на патиштата. Радарот ја детектира брзината и растојанието на автомобилот пред вас, како и останатите.

Со помош на алгоритми, вештачката интелигенција ја предвидува оптималната брзина на преносот во реално време. На пример, ве очекува долго и бавно спуштање низбрдо, па доколку радарот не регистрира неправилности, менувачот ќе ја промени брзината со цел да се намали потрошувачката.

На тестовите на многу ветровити патишта, бројот на промени на брзината е намален за 43% во однос на возилата без паметниот систем. Исто така, го намалува бројот на притискање на сопирачките за 11%, намалувајќи го заморот на возачот и абењето на сопирачките. Исто така, кога ви е потребно нагло забрзување како на пример при вклучување на автопат, системот автоматски
се префрла на Sport Mode, што го подобрува протокот на сообраќај. Откако ќе се вклучи, автомобилот автоматски се враќа во првобитниот режим на возење, обезбедувајќи безбедно и ефикасно возење.

Покрај тоа, моторот автоматски сопира кога ја тргаме ногата од предалот за гас, кога на патот имаме т.н. “лежечки полицајци”, удолнини и сообраќајници со изменети ограничувања на брзината. Промените на погонот на предните тркала се препознаваат со предниот радар, кој автоматски ја прилагодува брзината, што го подобрува искуството на возачот.

Системот е во согласност со автономната технологија за возење, која постојано се развива. Во ерата на автономни возила, паметните менувачи постепено ќе ја намалува потрошувачката на гориво и ќе обезбедат уште постабилно возачко искуство, преку обезбедување на подобар одговор на сообраќајните ситуации во реално време.

Kia има намера да го надогради паметниот менувач така што би имале можност да комуницитаат со семафорот, преку LTE или 5G технологии, а и би ги препознале намерите на возачот.

Кирил Димотров Урошев