Прва заедничка фотографија: Анастасија ужива во Тајланд со своето момче

ИЗВОРСкопје24
|

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ овие денови е на заслужен одмор во Тајланд од каде секојдневно споделува фотографии од тоа како ужива на плажа.

Дваесет и едно годишната млада пејачка речиси секојдневно ги изненадува фановите со фотографии во минијатурно бикини, а овој пат ги изненади сите со малку поинаква фотографија од себе.

Имено таа сподели фотографија за прв пат со своето момче како ужива во базен на луксузниот одмор во Тајланд и на истата се насмеани што е доказ дека парот е се сака и двајцата се вљубени до уши.

На истата фотографија на Инстаграм Анастасија позира до Ѓорѓе со кого се забавува веќе неколку години по ред.