Првата и единствена ски-скокалница во Македонија

ИЗВОРскопје24
|

Во 1947 година на Попова Шапка е изградена ски-скокалница К30 прва и единствена во Македонија. Скокалницата била отворена во 1948 година на 10 февруари.

Во тоа време не постоела некоја специјална опрема, па така ски-скокачите користеле и скокале со дрвени скии.

Ски скокалницата била користена отприлика до крајот на 1951 година. Подоцна била разрушена заради тоа што никој не се грижел за нејзиното одржување. Локалните луѓе се обиделе да ја обноват скокалницата, но не добиле одобрение од властите.