Нашата најпозната водителка Лила Филиповска, убавиот празничен период реши да го помине со своето семејство и отпатува во Гетеборг – Шведска, кај својата сестра.
Токму пред празниците на Лила и се исполни уште една од желбите и токму во родниот град заврна снег кој Божиќ го направи уште помагичен.
Во неколку од кратките приказни на Инстаграм, нашата водителка ја покажа и својата сестра, со која малку си наликуваат.
Деновите ги исполни со посета на своите роднини во Шведска, но исто така и со прошетки низ убавиот Гетеборг, па на фановите им сподели повеќе корисни информации поврзани со градот.
Она што е уникатно за градот е дека оние кои одат на работа од едниот до другиот дел на градот, истото можат да го направат со брод како јавен превоз и на тој начин да ја избегнст гужвата и хаосот во сообраќајот, а да уживаат во прекрасниот поглед,на градот.
Истото го направи и нашата водителка, која беше воодушевена од погледот.
Сепак она што беше најинтересно за нејзините обожаватели е тоа што Лила го покажа станот во кој израснала и игралиштето во кое го поминала своето детство.
Игралиштето веројатно не е променето многу, па и денес децата можат да уживаат во него, а од она што можеме да го видиме на кратките приказни, тоа не е многу поразлично од игралиштата кај нас во Македонија.