Првиот снег падна во Македонија

ИЗВОРСкопје 24
|

Според најавата од Хидрометерелошкиот завод на Македонија, денешното студено време, придонесе на дел од планините низ Македонија да се појави и слаб снег.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од првиот снег кој падна во Македонија. Така првиот снег попладнево падна во Маврово, Нижеполе и Пелистер.

За утре прогнозите се исто така студено време, само со слаб до умерен ветер од северен правец.