Првите пари од повратот на ДДВ: Плата плус во секое семејство на крајот од годината

ИЗВОРСкопје24
|

Првите пари од повратот на ДДВ на граѓаните ќе легнат на нивните трансакциски сметки меѓу први и 15 декември, најави денеска премиерот Зоран Заев.

Неодамна на партиска трибина директорката на УЈП Сања Лукаревска рече дека мерката мој ДДВ е мерка која што за прв пат враќа пари кај граѓаните, помага во сузбивањето на сивата економија и и помага на Управата за јавни приходи да се справи со сите што сакаат да направат даночно затајување. Досега според неа, има над 175 илјади корисници на оваа мерка, а првата исплата ќе биде во декември, кога 3,5 милиони евра ќе одат директно во џебот на граѓаните.

Со проектот, право на поврат на ДДВ ќе има секое лице над 15 години со важечка лична карта и трансакциска сметка, а просечно четири члено семејство има можност преку повратот на дел од ДДВ да оствари дополнителен приход до 28.800 денари годишно.

Тоа е плата плус во секое семејство на крајот од годината.
Истовремено оваа мерка директно влијае на намалување на сивата економија и даночно затајување. Повратот на дел од ДДВ ќе ги охрабри граѓаните да бараат фискални сметки и со тоа да влијаат врз намалувањето на сивата економијата и даночната евазија.

фактор.мк