Работа од соништата: Се бара семејство кое ќе добие три платени одмори во луксузни одморалишта

ИЗВОРСкопје24
|

Компанија за луксузни одмори е во потрага по семејство кое ќе оди на три одмори со all-inclusive услуга.

Единствената задача е да ги оцените одморалиштата и активностите додека сте таму, а ќе имате дури и џепарлак од 500 фунти за трошење додека сте таму, пренесува британски Mirror.

Оваа работа од соништата ја нуди Club Med, компанија за луксузни одмори од САД.

За аплицирање потребно е да ја споделите вашата омилена фотографија од некој семеен одмор на социјалните мрежи користејќи го хаштагот #ultimatefamilyjob и да ги означите @ClubMed на Instagram или @ClubMedUK на Facebook или Twitter.

Ако победите, тие ќе ве контактираат и ќе ве известат кои се трите дестинации кои ќе треба да ги посетите заедно со вашето семејство.

Па, звучи како вистинска работа од соништата за вас и вашето семејство, зарем не?