Работна средба на ИКТ комората масит со Министерката за Инвестиции – г-ѓа Зорица Апостолска

ИЗВОРскопје24
|

Денес, 12ти Септември 2019 година, со почеток од 10.30 часот, во просториите на на МАСИТ се одржа средба помеѓу Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, г-ѓа Зорица Апостолска и Финансиски директори/менаџери на компаниите од членството на МАСИТ.

Темата на средбата беше презентирање на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде Министерката Апостолска ги детализираше и деловите за процедурата за аплицирање, условите за исполнување и деталите поврзани со самата процедура за оценка на апликациите.

Во дискусијата подетално се разработи темата и можностите кои се отвораат со Законот за финансиска поддршка на инвестициите за ИКТ компаниите и се затворија повеќе отворени прашања за отпочнување на можноста ИКТ компаниите да го користат Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како и прашањата за дополнително очекуваната поддршка која може да се добие назад, а во насока на правна сигурност на компаниите.

Проактивноста на ИКТ комората МАСИТ во креирањето на политики и олеснување на условите за делување на ИКТ компаниите добива силен акцент особено со континуирано зголемениот извоз на ИКТ услугите и нивниот придонес кон домашниот БДП.