Рај од 18,5 квадрати за кој сите зборуваат: Самохрана мајка сама си направила куќа(ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

По два пропаднати бракови и изгубена куќа, Мишел одлучила самата да си изгради дом

До неодамна, Мишел Боил била принудена месечно да изнајмува куќа во Орегон за 1.173 евра. Поради високата кирија, а малата плата, Мишел немала никакви шанси да заштеди. Се’ што заработувала работејќи во кафуле го давала на трошоци и храна.

Едвај сврзувала крај со крај, се’ до моментот кога нејзините деца се осамостоиле. Тогаш Мишел одлучила да ги преземе работите во свои раце. Решила сама да си изгради мала куќичка.

Почнала да проучува туторијали во кои луѓе зборувале како изградиле мали куќички. Успеала со многу малку пари да изгради куќа во која се преселила од големата куќа што ја изнајмувала.

Мишел месечно трошела по 1.173 евра за изнајмување куќа што имала три спални соби, кујна, тоалет, ходник и гаража. Сега живее во куќа од 18,5 квадрата. За изнајмување на малото парче земја на кое и’ стои куќичката. Мишел плаќа само 58 евра, а во овој износ се пресметани и приклучокот за струја, вода и Интернет.

убавинаиздравје.мк