Раката на пророкот покажувала каква ќе биде годината – Денеска е спомен на Свети Јован Крстител или Женски водици

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител, односно денеска Македонската православна црква го празнува Свети Јован Крстител. Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Тоа е така затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.

За овој ден се врзува и настанот со раката на светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот пророк беше пог *бен од царот Ирод, во Антиохија, родното место на свети апостол Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму.

Меѓу евангелските личности околу Спасителот, личноста на свети Јован Крстител зазема особено место и заради начинот на доаѓањето во светот и заради улогата на Крстител на луѓето за покајание и како Крстител на Месијата – најпосле и заради трагичното заминување од овој живот. Тој се одликувал со толкава морална чистота што навистина може попрво да биде нарекуван ангел, одошто човек. Меѓу сите пророци, свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на свети Јован се раскажува дека секоја година, на денот на светителот, архиерејот ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

Именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените.

На овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бацува рака и ги собира подароците, најчесто пари.

На жена со машко дете ѝ се пеела песната: „Има мајка мила сина”, на жена со ќерка: „Има мајка мила ќерка” или „Има мајка мили ќерки”, ако имала повеќе женски деца, а на жена без деца ѝ се пеела песната „Еливер ми коња коит”. Според содржината, но и според начинот на исполнувањето овие песни се блиски со лазарските песни.

Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници.

Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и ма ченик. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.

Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар. Исто така, во православната црква се празнува и денот на от* екувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември).

Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.