Ракометарот Игор Карачиќ и официјално стана македонски зет – Невестата одбра необична венчаница (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Ракометарот Игор Карачиќ кој неколку сезони ги бранеше боите на клубот Вардар сега веќе засекогаш се поврза со Македонија откако и официјално стана македонски зет.

Среќниот пат вчера се заколна на вечна љубов, а ракометарот и манекенката Душица Андоновска претходно беа во врска неколку години, откако тој дојде во Македонија.

Свадбата беше во Мостар, од каде е Игор, во кругот на најблиските роднини и пријатели, а тие воедно го прославија и роденденот на Душица. Ова беше навистина посебен ден за двајцата, двојна среќа за манекенката.

За свечесноста, невестата Душица се одлучи да носи кратка неконвенционална венчаница, додека Игор облече костим и патики. Оваа венчавка не беше воошто во класичен стил, што и може да се очекува од двајцата партнери а и со оглед на ситуацијата

Ова е нивна прва заедничка фотографија од свадбената веселба, а младата се одлучила за необична венчаница, елегантна и секси, која ги истакнува нејзините нозе.