Рамка од пушка пронајдена во тоалет во основно училиште во Скопје

|

Во тоалет всновно училиште во населбата Ченто во Скопје била пронајдена рамка од пушка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Денес во 7. 55ч. во основното училиште ’25 ти Мај’, лоцирано на ул.’Алија Авдовиќ’ во Скопје, во машкиот тоалет од страна на хигиеничар пронајдена е рамка од пушка. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници за расчистување на случајот“, соопшти МВР.