|
Познатиот македонски хип-хоп музичар Христијан Тасковски – Таско стана татко. Неговата сопруга Наташа го роди синот, на кого му дадоа необично име, Лукијан.
„Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал татко.
Името Лукијан потекнува од латинскиот збор lux, а означува светлина, осносно, „оној што свети, осветлува“. Таско и Наташа инаку се во брак од 2022 година, а во мај годинава се венчаа во црква и направија свадба со многу гости.
Тие претходно имаа и забава за откривање на полот на бебето, кога споделија дека чекаат син.