Разводот стана долг и досаден: Елена Велевска проговори за бракоразводната постапка

ИЗВОРСкопје24
|

Фолкерката Елена Велевска во разговор за естрадниот магазин Бекстејџ зборуваше на темата развод, со оглед на тоа што веќе подолг период таа не е со Марјан. Таа истакна дека бракоразводната постапка е во тек.

„Разводот стана долг и досаден, што и како е и самата не знам“, кажа Велевска, а протолжи да зборува за шпекулациите и невистините кои се пишуваат за неа во медиумите, но и како реагира на истите. Неодамна по една заедничка фотографија со Перо Антиќ почнаа да кружат гласини дека меѓу Елена и Перо настанала некава љубовна искра.

Пејачката ова децидно го негираше со објаснувањето дека фотографијата секој си ја сфатил како што сака.

„Не е вистина за врската со Перо. Само што се запознавме и секој си ја протолкува фотографијата на свој начин. Веќе сум имуна на ваквите шпекулации, вели Елена за „Бекстејџ“.