Рецепт на денот: Белгиски вафли кои сите ќе ги обожаваат

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку ви се јаде нешто слатко и брзо за подготовка во продолжение ви препорачуваме одличен рецепт за вкусни белгиски вафли кои можете да ги јадете за десерт, појадок или вечера.

Потребни состојки: 2 ¼ шолји брашно, 1 прашок за печиво, 3 лажици шеќер, половина лажичка сол, лажичка цимет, 2 јајца, половина шолја масло, две шолји млеко и 1 лажичка екстракт од ванила.

Начин на подготовка: Подгответе го апаратот за вафли. Во поголем сад измешајте брашно, прашок за печиво, шеќер, сол и цимет. Во друг сад со средна големина изматете ги белките. Тргнете ги на страна.

Изматете ги жолтките, маслото, млекото и екстрактот од ванила. Оваа смеса измешајте ја со сувите состојки. На крај, додадете ги изматените белки и полека мешајте.

Сипете ја смесата во апаратот за вафли и печете според упатството. Вафлите може да ги послужите со јаворов сируп, шеќер во прав, крем, овошје, шлаг.