Рецепт за највкусните палачинки кои некогаш ги имате пробано

ИЗВОРСкопје24
|

Веруваме дека не постои човек кој не сака палачинки, иако некој обожава благи, има и такви кои ги сакаат солени, но за вкусни палачинки неизбежен е рецепт од внимателно одбрани состојки за нивно максимално уживање.

Ова е точниот рецепт за совршените палачинки, следете ја оваа постапка:

Состојки: 2 јајца 4 шолји брашно ½ литри млеко 100 ml кисела вода 1 прстофат сол 1 лажичка шеќер Начин на подготовка: Во сад изматете ги јајцата, додајте им прстофат сол, 1 лажичка шеќер и ½ литри млеко. Постепено додавајте го брашното во садот за да не се направат грутки брашно и матете се додека не добиете убаво соединета смеса.

На крај додадете 100 ml кисела вода и промешајте убаво за да се соедини со другите состојки.

Сигурно веднаш ќе почнете да правите палачинки, но една од тајните е што треба да почекате 20 минути смесата да отстои.

Пред печењето промешајте ги убаво состојките во садот и на загреано тавче со малку масло и започнете да ги подготвувате најубавите домашни палачинки.

Уживајте во подготовката, а потоа спремете се за уште поголемо уживање! Секако може да ги збогатите и со солен или благ фил, крем или џем!