Регулаторна одлучи: Од полноќ поевтинува бензинот

ИЗВОРСкопје24
|

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,980 ден/кг.