Рекордна посетеност на првиот фестивалски ден на Skopje Wine Expo

ИЗВОРСкопје24
|

Винскиот фестивал под покровителство на град Скопје, вчеравечер забележа рекордна посетеност на првиот фестивалски ден. Голем број на граѓани го посетија „Skopje Wine Expo” и уживаа во дегустација на сортни македонски вина, вински коктели и гурмански деликатеси. Посетителите на плоштадот „Мајка Тереза“уживаа со Brass Brothers, дуетите на Блага и Ефто, како и во оперската арија која ја отпеа доајенот на македонската музика. Крајот од вечерта беше резервиран за српскиот поп бенд Тропико.
Денеска на фестивалот, под мотото „One Love” настапуваат: Либеро бенд, Графа, Криско, Нокаут, Слаткаристика и Дј Оки Доки. „Skopje Wine Expo” започнува во 18:00, со „after work” забава, а влезот за посетителите е бесплатен.