РЕРНАТА ИМА СКРИЕНА ФУНКЦИЈА: Штеди струја, а готвењето е побрзо

ИЗВОРСкопје24
|

Понекогаш не сме свесни за сите функции кои ги имаат нашите апарати за домаќинство. Веројатно, не знаете и за оваа функција која вашата рерна ја поседува, а е и тоа како корисна!

Рерните имаат функција која овозможува во исто време и да готвите и да печете. За во исто време да подготвите пилешко месо и некое друго јадење, се што треба да направите е да го отстраните долниот дел решетки и потоа да поставите хартија за печење на самото дно на рерната.

Имајте на ум дека овој трик функционира само ако користите огноотпорни садови. Потребно е да имате рерна со метално дно која ќе може да ја издржи тежината на шерпата.

Веројатно и вие припаѓате во групата луѓе која во фиоката под рерната чуваат фолија, капачиња, калапи… Без разлика за што ја користите, веројатно не ја користите за она што е наменета.

Таа фиока всушност служи за одржување на јадењата топли. Таа е „топла фиока“ во која можете да ја ставите храната после печењето и таа ќе остане на температура за послужување.

Ако се уште ги имате упатствата од шпоретот, проверете што пишува. Во повеќето од нив стои опис: „Топлата фиока е осмислена да ја сочува топлината на врелата храна на температура за послужување“.

Секогаш во неа ставајте врела храна. Студената храна или онаа на собна температура не може да се загрее или да се готви во „топлата фиока“.