Ретко кој ја знае: Еве како изгледа вонбрачната ќерка на Драган Којиќ Кеба која не сака да го запознае (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Сите знаат дека српскиот пејачот Драган Којиќ Кеба веќе со години наназад е во хармоничен брак со сопругата Оља, во кој ги доби синот Игор и ќерката Наташа. И двајцата се добро познати на јавноста, особено Игор којшто е сопруг на пејачката Северина, но сепак малкумина знаат дека пејачот има и уште една друга вонбрачна ќерка што ја доби со текстописецот Љиљана Јевремовиќ.

Љиљана еднаш во една прилика јавно проговори за сè, и истакна дека Ина не сака да се сретне со нејзиниот татко, бидејќи тој со години не сакаше да има никаков контакт со неа и потполно ја игнорираше.

– Никој никогаш не го принидуваше да се однесува така, а сега тој и да сака, Ина се цени себе си и веќе е доцна за него со неа. Таа рече дека ќе му се јави само ако замине од овој свет, за да не излезе толку сурова. Се надевам дека нема да се обиде да му прости, бидејќи навистина го избришавме, изјави еднаш Љиљана за „Блиц“.

Дека Ина не го сака таткото во својот живот, покажува и објавата на нејзината мајка на нејзиниот Фејсбук профил, која ја објави пред две години.

„Мојот херој, не го сака таткoвото презиме или валкана слава, не го сака богатството на татко си, таа е горда и храбра девојка која издржа многу неправди и продолжува понатаму“, напиша Љиљана во описот на фотографијата на нејзината ќерка на споменатата социјална мрежа.

Извор: Убавина и здравје