Ретко кој знае дека легендарниот Џои има преубава ќерка, а има и вистина причина зошто ја чува далеку од очите на јавноста (ФОТО)

|

Актерот Мет Лебланк (54) на многумина им е омилен лик од култната серија „Пријатели“ во која го игра легендарниот Џои Трибиани, но за неговиот приватен живот не се зборува многу.

Многумина не ни знаат дека Мет има 17-годишна ќерка, Марина Перл, која ја доби со поранешната сопруга Мелиса Мекнајт и поради чија болест одби многу улоги.

Марина е родена во февруари 2004 година, на само неколку месеци пред крајот на снимањето на „Пријатели“, а пред нејзиниот прв роденден и била дијагностицирана кортикална мозочна дисплазија, поради што како бебе страдала од епилептични напади.

Иако нејзината состојба се подобрила во раното детство, Метју бил многу загрижен за здравјето на неговата ќерка, па по „Пријатели“ ги одбил сите улоги за да може да поминува што повеќе време со неа.

За разлика од повеќето деца на познати родители, Марина нема отворени профили на социјалните мрежи, а актерот секогаш ја држел подалеку од очите на јавноста.

Единствениот пат кога ја повел со себе на црвениот тепих беше во 2014 година, а неколку пати беа фатени од папараците, но нејзини неодамнешни фотографии не можат да се најдат.

Инаку, актерот се разведе од мајката на својата ќерка во 2006 година и оттогаш малку се знае за неговиот љубовен живот.

По улогата во „Пријатели“, која му донесе светска слава, глумеше и во сопствената серија „Џои“, но таа никогаш не доживеала таков успех.

Пред две години ја напушти емисијата „Топ Гир“ на Би-Би-Си во која од 2016 година се најде во улога на водител, а како главна причина наведе дека снимањето го оддалечуваат премногу од пријателите и семејството.