[Фото] Ретро игри, косплеј и квиз во гејмерско знаење на „A1 Game Fest 2019“

|

Гејмери, косплеери, гикови, јутјубери и сите кои уживаат во „најважната-споредна работа на светот“ – игрите се собрани денеска и утре во „Синеплекс“ при Сити мол“ за да ги покажат своите вештини.

На гејмерскиот настан, организиран од А1, јавноста може да присуствува на натпревар во маскирање, каде учесниците се претвораат во ликови од видеоигри, анимирани филмови и серии, како и стрипови.

Покрај ова, фестивалот нуди и ткн. Ретро корнер каде се играат „прастари игри“.

Фоајето, пак, и годинава е полно со коцки, полиња, хексагони, дрвени човечиња и километарски правилници, обезбедени од Гоблин друштвени игри.

За посетителите има и квиз во гејмерско знаење по што следуваат награди и подароци.

Фотографиите може да се видат тука.