РЕТРО ВИДЕО: Дали го препознавате денешно Ново Лисиче?

loading...

Ново Лисиче е високо урбанизирана населба во источниот дел на градот Скопје, на 5 км одалеченост од центарот на Скопје.

Населбата Ново Лисиче е изградена во годините 1985-1990. На местото на денешната населба (зградите) се наоѓала најплодната алувијална рамнина во Скопската котлина, на која наместо пченица никнале згради. Населени места имало во близината, а тоа се Горно Лисиче и Населба Лисиче.

За потеклото на името Ново Лисиче не постои некоја посебна легенда, туку поради близината со Горно Лисиче и населбата Лисиче му е дадено името Лисиче со додавката Ново, бидејќи е ново и помладо.

Во продолжение погледнете видео од далечната 1985 година и видете како изгледало Ново Лисиче пред сегашната урбанизација: