Револтирана скопјанка: Прва бев на ред, од 7 сум дојдена – не можам да гласам

ИЗВОРСкопје24
|

Скопјанка утрово уште во 7 часот со самото отворање на избирачките места отишла да го оствари своето право на глас, но не можела да го направи истото, пред камерите на Сител таа ги наведе причините кои и биле кажани.

-Прва бев на ред. Од 7 сум дојдена. Не е важен редот. Компјутерот бил расипан, таму не знам, не можело. Овде пишува од А до М, таму пишува од М до Ш. Јас сум на Ш, на Ш ме нема. Сега ќе одам во општина да видам што е и ќе се искарам таму. Ќе им кажам колку се неспособни, вели таа.

Видеото погледнете го ОВДЕ.