Иако е еден од најмускулестите холивудски актери, Двејн Џонсон, попознат како Карпата или „The Rock“ мораше дополнително да се потруди за улогата во филмот Black Adam. Тој го промени режимот на тренирање и се фокусираше на ексцентрични контракции, кои научно се докажани како поефикасни за градење сила и мускули отколку само кревање тегови.
Неговиот тренер Дејв Риензи особено се фокусираше на зајакнување на градите на Џонсон, но исхраната исто така одигра важна улога во сето тоа. Во интервју за списанието Men’s Health, актерот потврди дека јаде шест оброци дневно за да се здебели.
Денот би започнал со појадок составен од јајца, месо, овесна каша и овошје, обично папаја или боровинки. Веќе во 10 часот по првиот тренинг би следел вториот оброк и тоа ориз, пилешки гради.
Остатокот од денот јадеше слични оброци богати со јаглени хидрати. Изворите на протеини (риба, пилешко, шницли или биволско месо) се сменија, како и сложените јаглени хидрати (компир и зеленчук).
Во одредувањето на строга диета, на Џонсон му помогна тим готвачи и тренери, кои најдобро знаат што е важно за телото на суперхеројот.
„Татко ми ме научи уште на рана возраст, од петгодишна возраст, да не јадам за да го заситам јазикот, туку да го хранам телото“, вели The Rock.