Парична казна и беше изречена на македонската репрезентација во износ од 2.000 евра од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради прекршување на протокол поврзан со опремата за време дуелот против Словенија.
Од федерацијата наведуваат дека Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе мора да палти казна поради различна боја на чорапите со кои дел од македонските репрезентативци настапија на натпреварот против Словенија (25:27) во четвртокот.
Македонските ракометари вечерва го играат вториот натпревар во рамки на групата А од 18 часот во Дебрецин против Црна Гора