Ријана се пофали со убавината на нашата Елена Ристеска пред 8 милиони следбеници на Fenty Beauty (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Нашата најпозната и најубава рнб и поп пејачка Елена Ристеска стана инспирација за Ријана и нејзиниот тим од Fenty Beauty мејк-ап линијата.

Имено, фотографијата од совршеното лице на Елена Ристеска се најде на официјалниот инстаграм профил на мејк-ап линијата на Ријана.

И сето ова се случи откако Елена го доби совршениот изглед под вештите раце на мејк-ап артистот Даниел Николовски, кој ја постираше фотографијата на неговиот инстаграм профил.

Потоа се е историја. Убавото лице на Елена се шерува со брзина на светлината, а и нашата Елена се заблагодари!

Извор: Вечер