Ќерката на Анџелина и Бред е родена е како девојче, но отсекогаш се осеќала како момче – Погледнете што мислат родителите

ИЗВОРСкопје24
|

Шајло Нувел Џоли-Пит е првото биолошко дете на Бред Пит и Анџелина Џоли. Родена е на 27-ми мај 2006 година во Намибија. За време на нејзините први неколку години од животот, таа беше како и секоја друга девојка – со долга коса и фустани.

Сепак, дури и на таа млада возраст, Шајло знаеше дека е момче заробено во тело на девојче, па ги замолуваше родителите да и дозволат да се облекува како момче. Анџелина и Бред со почит се однесуваа кон нејзините желби и и дозволија да го стори тоа. Освен тоа, тие и дозволија на Шајло да ја скрати косата. Во едно интервју за време на шоуто на Опра Винфри во 2008 година, Бред Пит изјави дека Шајло би сакала да се вика Џон.

Како што растеше, Пит и Џоли беа секогаш на нејзина страна и ја поддржуваа. Анџелина секогаш ги почитувала и ги поддржувала преференциите на нејзината ќерка. Таа е вистински пример за оние родители кои се обидуваат да се борат против желбите на своите деца наместо да бидат таму за да ги поддржат.

Во 2010 година, во приказната за Венити Фер, Енџи рече дека нема проблем со изгледот на нејзината ќерка. Таа дури спомена дека Шајло сака да биде момче и тоа целосно го прифаќа. Џоли рече дека кога растела најмногу личела на Шајло.

И покрај тоа што адолесцентката има потполно машки изглед, нејзиното тело сепак е женско, и затоа Шајло започна со хормонален третман. Можно е во иднина, таа да биде подложена на операција за промена на полот.

Сега, кој не ја знае, би се заколнал дека е момче. Но, семејството Џоли-Пит дава поддршка и ја прифаќа Шајло иста каква што е.

Да се ​​надеваме дека Анџелина и Бред ќе станат примери за многу родители.