Родени сте во Југославија? Овој текст ќе ве потсети како беше детството порано

ИЗВОРСкопје24
|

Писмо од корисник на социјалните мережи стана хит, откако потсети какво било детството во Југославија а како е сега .
Имено корисникот наведува какво било детството. За оние што не знаат како изгледало детството во СФРЈ прочитајте го следново, а оние кои знаат само ќе се потсетат.

-Прво, преживувавме и родени сме нормално, иако нашите мајки кога ги болеше глава пиеја аспирини и јадеа храна од конзерва,до крајот на бременоста, никогаш не се тестирани за дијабетис. Во тоа време „чувајте вон дофат на деца „ не постоеше испишано на шишенцата од лекарства. Ние кога имавме 10 години не носевме памперси туку мочкавме во крвет…Како деца се возевме во автомобил, без појас и сигурносни перничиња, не моравме да носиме кацига додека возиме велосипед или ролери- пишува во писмото.

– Пиевме вода од црево кое служи за полевање во градината, а не од некое скапо шише со цевка купено во огрмоните трговски центри. Делевме едно шише сок со другарите па никој не умре, поради тоа. Јадевме млечен слаболед, бел леб и путер, пиевме коктели кои беа полни со шеќер, но немавме дебели деца зошто се игравме по цел ден надвор. Излегувавме од дома наутро и по цел ден игравме, криенка, граница, крадци и полицајци, каобојци и индијанци, плочка и што уште не, се додека не се запалат уличнте светилки и мајките ќе викнеа по нас- пишал корисникот.

Во писмото наведува дека во тоа време скоро и да не постоеше семејно насилство и скоро никогаш немаше проблеми.

– Поминувавме цели денови правејќи тркачки даски од отпадот кој го имавме во подруми, се спуштавме низ улици, заборавајќи дека не сме направиле кочници, но по неколку падови, скршеници и модринки се учевме како треба. Ние немавме проблеми со хиперактивност и концентрација, не ни даваа таблети против тоа и немавме потреба да разговараме со психолози. Не ни продаваа дрога пред училиште и немавме плеистејшени и немавме телевизија со 90 канали. Немавме интернет, кабловска мобилни и замислени пријатели, имавме пријатели и по цел ден си игравме- пишува во писмото.

Нагласува и дека се звонело дирекно на врата кај другарче и се влегувало да се игра без претходна најава.

– Кога ќе западневме во невоља родителите не ни плаќаа кауција, туку често беа построги и од законот. Дали и вие бевте дел од детството во Југославија? – завршува ова писмо кое потсетува многумина како се живееше порано.