Родителите на познатата пејачка го продадоа имотот за да може да замине во Австралија по синовите

ИЗВОРСкопје24
|

Убавата српска пејачка Тања Савиќ веќе подолг период е разделена од своите синови кои живеат заедно со таткото во Австралија. Таа деновиве собра пари и замина во Австралија каде се надева дека судот е одлучи децата да и ги доделат на неа.

Среќна сум, се надевам на најдоброто. Верувам во Бога и во правдата, рекла Тања за српските медиуми.

Извор близок до пејачката за „Блиц“ открива дека таа со месеци ги подготвувала сите потребни документи за рочиштето, како и доказите потребни да ги врати двете момчиња во Србија.

За сите детали се консултираше со адвокатот. Собра пари и за патот и сè што треба за повторно да си ги гушне децата. Многу тешко ѝ падна цело ова време без нив. Постојано плачеше.

Родителите дури и продадоа голем дел од имотот за да се дособерат сите потребни средства за нејзиниот престој во Австралија. Оди со голем оптимизам на овој пат, вели нејзин пријател.