Рома продаде 46.000 виртуелни влезници за натпреварот кој ќе се игра без публика

ИЗВОРСкопје24
|

Рома реши да го обележи Дерби дела Капитале со продажба на 46.000 виртуелни билети по цена од две евра. Фановите можеле да купат виртуелен билет, да го изберат своето место на стадионот и да станат дел од екранот на трибините.

Иако во финалето во италијанскиот Куп помеѓу Јувентус и Аталанта ќе бидат дозволени до 4.000 гледачи во среда, сеуште нема гледачи на натпреварите во Серија А поради ограничувањa.

Иницијативата успеала, затоа што биле продадени сите 46.000 билети за настанот. Фановите ќе добијат маица со порака „Маи Сола“ („никогаш сам“), ваучер за набавка на предмети во продавницата Рома и место во томболата за освојување на бројни награди.