Роналдо со преубава заедничка фотографија и го честита роденденот на Георгина

ИЗВОРСкопје24
|

Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез денеска слави роденден. Имено убавата Георгина полни 27 години, а нејзиното момче по тој повод објави преубава заедничка фотографија.

„Честито, љубов на мојот живот“, напиша тој во описот на фотографијата.

Георгина позира во убав црвен фустан кој ги истакнуваше нејзините атрибути, а Кристијано насмеан од уво до уво, се скри зад неа.

Фотографијата собра повеќе од 4 и пол милиони прегледи за само два часа, а фановите им испратија бројни комплименти и честитки.