Роналдо го однел својот син во куќата каде што живеел пред да стане славен, а тој во чудење: Тато, навистина ли живееше тука?

ИЗВОРСкопје24
|

Кристијано Роналдо е еден од најбогатите спортист во светот, благодарение на тоа неговата фамилија живее во раскош, а син му не може да сфати дека некогаш било поинаку.

Неговите деца не живееле на начинот на кој Кристијано Роналдо живеел пред да стане голем фудбалер. Тој до својата 12. година живеел во Мадеира кога се преселил во Лисабон со цел да си ја проба среќата во фудбалот.

Од детството во Мадеира, Кристијано го има и својот најдобар пријател Мигуел Паишао. Роналдо посакал да го посети местото каде што живееле и со себе го земал неговиот син.

„Бев возбуден да го посетам местото каде што пораснав. Тој веќе знаеше за Мадеира и местото Маркес де Помбал. Дојде со мене и таму ги имаше истите луѓе кои живееа во тоа време. Искрено тоа ме допре, не очекував да ги видам истите луѓе“, изјави Роналдо за „ТВИ“.

„Бев со Паишао и Кристијано џиниор, влеговме во собата каде што престојував. Син ми се сврте накај мене и ми рече: „Татко, навистина живееше тука?“ Не му се веруваше. Мислат дека се е лесно во животот. Квалитетот на животот, куќите, облеката… мислат дека сето тоа паѓа од небо. Тоа се обидувам да му објаснам на мојот син. Дури и кога одам во некои училишта, се обидувам да им кажам дека само со талентот нема далеку да стигнете. Работата и посветеноста може да ве донесе до се што ќе посакате“.